Nokia X2 00 - Грижа за Вашиот уред

background image

Грижа за Вашиот уред
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба грижливо да се однесувате. Следниве

сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите важечката гаранција.

Не го користете или чувајте уредот во прашливи, нечисти места. Неговите подвижни делови и електронски

компоненти може да се оштетат.

Не го чувајте уредот на високи или студени температури. Високите температури може да го намалат векот на

електронските уреди, да ги оштетат батериите или да искриват или растопат одредени пластични делови. Кога

уредот се загрева до неговата нормална температура од некоја студена температура, во внатрешноста на уредот

може да се формира влага и да ги оштети плочките на електронските кола.

Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во ова упатство.

Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да ги скрши внатрешните плочки на колата

и прецизната механика.

Не користете груби хемикалии, раствори за чистење, или јаки детергенти за чистење на уредот. За чистење на

површината на уредот користете само мека, чиста, сува крпа.

Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да спречи правилно функционирање.

Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена замена. Неодобрените антени, модификации

или приклучоци може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

Користете ги полначите во затворен простор.

Направете резервни копии на сите податоци што сакате да ги зачувате, како што се контакти и белешки од

календарот.

За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси, исклучете го уредот и отстранете ја

батеријата.

Овие предлози се однесуваат подеднакво на Вашиот уред, батерија, полнач, или било кој додаток.