Nokia X2 00 - Информации за сертификација (SAR)

background image

Информации за сертификација (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за изложеност на радио бранови.

Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател. Тој е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за изложеност

на радио бранови препорачани со меѓународните упатства. Упатствата се развиени од независната научна

организација ICNIRP и вклучуваат безбедносни граници поставени за да се осигура безбедноста на сите лица, без оглед

на возраста и здравјето.

Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи единица мерка позната како Специфична Апсорпциона Стапка

или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек на 10 грама

ткиво. Тестовите за SAR се изведуваат со користење стандардни оперативни позиции при што уредот предава на

највисокото сертифицирано ниво на енергија во сите тестирани фреквенциони должини. Вистинското ниво на SAR на

уред кој работи може да биде под максималната вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја користи само енергијата

потребна да се допре до мрежата. Таа количина се менува во зависност од бројни фактори како што е колку блиски сте

до мрежната базна станица.

Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се употреба на уво според ICNIRP е 0.82 W/kg .

Употребата на додатоци за уредот може да резултира со различни SAR вредности. Вредностите на SAR може да се

разликуваат во зависност од националните барања за известување и тестирање и од брановата должина на мрежата.

Дополнителни информации за SAR може да се најдат кај информација за производот на www.nokia.com.

38 Информации за производот и безбедноста

background image

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООДВЕТНОСТ

Со ова, NOKIA CORPORATION изјавува дека овој RM-618

производ е во согласност со суштинските барања и

другите релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC.

Копија од Декларацијата за соодветност може да се најде

на http://www.nokia.com/phones/

declaration_of_conformity/.

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

Nokia, Nokia Connecting People и Navi се заштитни знаци

или регистрирани заштитни знаци на Nokia Corporation.

Nokia tune е звучен знак на Nokia Corporation. Останатите

имиња на производи и компании спомнати во овој

документ, може да се заштитни знаци или заштитни

имиња на нивните соодветни сопственици.

Забранета е репродукција, пренос, дистрибуција или

меморирање на дел или на целата содржина на овој

документ во било каква форма без претходна писмена

дозвола на Nokia. Nokia води политика на продолжителен

развој. Nokia го задржува правото на промени и

подобрувања на кој било од производите опишани во

овој документ без претходно известување.

Includes RSA BSAFE cryptographic or security protocol

software from RSA Security.

Java is a trademark of Sun Microsystems, Inc.

Овој производ е лиценциран со MPEG-4 Visual Patent

Portfolio Лиценца (i) за лична и некомерцијална употреба

што се однесува на информацијата што е кодирана во

согласност со MPEG-4 Visual Standard од потрошувач кој се

занимава со лична и некомерцијална активност и (ii) за

употреба што се однесува на MPEG-4 видео снабдено од

лиценциран видео провајдер. Ниедна лиценца не е

одобрена или нема да биде навестена за каква било друга

употреба. Дополнителни информации, вклучувајќи ги и

тие што се поврзани со промотивни, внатрешни, и

комерцијални употреби, можат да се добијат од MPEG LA,

LLC. Видете на http://www.mpegla.com.

ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ПРИМЕНЛИВИОТ

ЗАКОН, NOKIA ИЛИ БИЛО КОЈ НЕЈЗИН ДАВАТЕЛ НА ЛИЦЕНЦА

ВО НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА

БИЛО КАКВА ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ ИЛИ НА ПРИХОД ИЛИ

БИЛО КАКВИ ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ

ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ ШТО НА БИЛО КАКОВ НАЧИН СЕ

ПРИЧИНЕТИ.

СОДРЖИНИТЕ НА ОВОЈ ДОКУМЕНТ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ".

ОСВЕН АКО ТОА НЕ ГО БАРА ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ПРИМЕНУВА, НЕМА

ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, БИЛО ИСТИТЕ ДА СЕ

ИЗРЕЧНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ

ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ

ПРИ ПРОДАЖБА И СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ВО

ОДНОС НА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА

ОВОЈ ДОКУМЕНТ. NOKIA ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО

ИЗМЕНИ ИЛИ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ ВО БИЛО КОЕ

ВРЕМЕ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.

Достапноста на одредени производи, апликации и услуги

за овие производи може да биде различна во зависност

од регионот. За повеќе детали и за достапноста на

јазичните опции, проверете кај најблискиот дилер на

Nokia. Овој уред може да содржи делови, технологија или

софтвер кои подлежат на законите и прописите за извоз

од САД и од други земји. Пренамената на истите во

спротивност со законот е забранета.

Апликациите од трети лица обезбедени со Вашиот уред

може да се создадени и може да се сопственост на

физички или правни лица кои не се подружници или се

поврзани со Nokia. Nokia не ги поседува авторските права

или правата на интелектуална сопственост за

апликациите на третите лица. Како таква, Nokia не

презема одговорност за поддршката на било кој краен

корисник, функционалноста на апликациите или

информацијата во апликациите или овие материјали.

Nokia не дава никаква гаранција за апликациите на

третите лица. СО КОРИСТЕЊЕТО НА АПЛИКАЦИИТЕ

ПРИФАЌАТЕ ДЕКА АПЛИКАЦИИТЕ СЕ ДАДЕНИ КАКО ШТО СЕ БЕЗ

ГАРАНЦИЈА ОД БИЛО КОЈ ВИД, ИЗРЕЧНА ИЛИ НАВЕСТЕНА, ДО

МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕНА СО ПРИМЕНЛИВИОТ

ЗАКОН. ПОНАТАМУ ПРИФАЌАТЕ ДЕКЕ НИТУ NOKIA НИТУ

НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ НЕ ПРАВАТ БИЛО КАКВИ ИЗЈАВИ

ИЛИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ НАВЕСТЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО

НЕ ОГРАНИЧЕНИ НА ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, МОЖНОСТ

ЗА ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПОСЕБНА ЦЕЛ ИЛИ ДЕКА

СОФТВЕРОТ НЕМА ДА ПРЕКРШИ НЕКОИ ПАТЕНТИ НА ТРЕТИ

ЛИЦА, АВТОРСКИ ПРАВА, ЗАШТИТЕНИ МАРКИ ИЛИ ДРУГИ

ПРАВА.

39

/1.1. Издание MK