За Вашиот уред
Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за употреба на EGSM 850, 900,
1800, 1900 MHz мрежи . Контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе
информации околу мрежите.
Вашиот уред може да има претходно инсталирани зачувани линкови и линкови до
интернет страници на трети страни и може да Ви дозволи да пристапувате на
страниците на третите страни. Овие не се поврзани со Nokia, и Nokia не гарантира
ниту пак ги одобрува овие страници. Ако пристапите кон таквите страници,
превземете мерки или содржини за безбедност.
Предупредување:
За да користите било која од функциите на овој уред, освен будилникот, уредот
мора да е вклучен. Не вклучувајте го уредот кога употребата на безжичен уред
може да предизвика пречки или опасност.
Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и почитувајте ги локалните
обичаи, приватноста и легитимните права на другите, вклучувајќи ги и авторските
права. Заштитата на авторските права може да спречи некои слики, музика, и други
содржини да бидат копирани, модифицирани, или пренесени.
Направете резервни копии или чувајте пишани записи на сите важни информации
што се зачувани во Вашиот уред.
При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги неговите упатства за
корисникот за детални безбедносни инструкции. Не поврзувајте некомпатибилни
производи.
Сликите во ова упатство може да се разликуваат од тие на екранот на Вашиот уред.
Други важни информации во врска со Вашиот уред побарајте во упатството за
корисникот.