Безжична надградба на софтвер
Вашиот обезбедувач на услуги може да испрати надградби на софтвер на уредот
директно преку етер до Вашиот уред (мрежна услуга). Оваа опција може да не биде
достапна, во зависност од Вашиот уред.
Даунлоадирањето на надградби на софтвер може да вклучи пренос на големи
количини на податоци (мрежна услуга).
Осигурајте се дека батеријата на уредот има доволно меморија, или поврзете го
полначот пред да ја стартувате надградбата.
Предупредување:
Ако инсталирате надградба на софтвер, не можете да го користите уредот, дури ни
за остварување на итни повици, се додека инсталацијата не е завршена и уредот
е рестартиран. Осигурајте се дека сте направиле резервни копии на податоците
пред да ја прифатите инсталацијата на надградбата.
Побарајте надградба на софтвер
1 Одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Телефон
>
Надг. на телефонот
.
2 За да ја прикажете моменталната верзија на софтверот и да проверите дали е
потребна надградба, одберете
Дет. за мом. софтвер
.
3 Одберете
Даунло. тел. софтвер
и следете ги упатствата.
Општи информации
7
4 Ако инсталацијата е прекината по даунлоадирањето, за да започнете со
инсталацијата, одберете
Инст. надг. на софтв.
.
Надградбата на софтверот може да потрае неколку минути. Ако има проблеми со
инсталацијата, контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.