Предвидливо внесување на текст
Предвидливото внесување на текст е базирано на вграден речник на кој исто така
можете да му додавате нови зборови.
Напишете збор
Притиснете ги копчињата за број, 2-9. Притиснете го секое копче само еднаш за
една буква.
Потврдете збор
Скролувајте десно, или притиснете 0 за да додадете празно место.
Одберете го точниот збор
Ако зборот не е точен, притискајте последователно * и изберете го саканиот збор
од листата.
Додадете збор во речникот
Ако после зборот е прикажан знакот ?, зборот кој сте имале намера да го напишете
не постои во речникот. За да го додадете зборот во речникот, изберете
Спелувај
.
Внесете го зборот користејќи традиционално внесување на текст и изберете
Зачувај
.
Напишете сложен збор
Напишете го првиот дел од зборот, и скролувајте десно за да го потврдите.
Напишете го следниот дел од зборот, и потврдете уште еднаш.